Ова се неколкуте работи кои треба да ги знаете пред да започнете љубовна врска со Рак.
Тие се под влијание на Месечината, која во астрологијата се поврзува со емоциите и грижливата природа. Инстинктот на Раковите им наложува да направат луѓето што им се блиски да се чувствуваат среќно, пријатно и згрижено. Но, внимавајте! Ако забележат дека ги земате здраво за готово, ќе станат многу напорни.
Препознваат добра храна
Ракот својата љубов ја покажува преку храната и очекувајте да ве изненади со некое комплицирано, прекрасно приготвено јадење. Тие никогаш нема да погрешат со нивниот избор на ресторан и шише вино кое совршено го надополнува вкусниот оброк. Пофалете го нивниот труд и гледајте како се исполнуваат со гордост и задоволство.
Во врска само со ако постои емоционална поврзаност
Раковите се големи шармери и сакаат да флертуваат, така што воопшто не се играчи за потценување. Но, кога ќе влезат во сериозна врска, тие ја носат романтиката во кревет. Сексот мора да ги исполнува емоционално за да останат во врската.
Жените родени во овој хороскопски знак се сон на сите мажи!>>>
Многу се приврзани за семејството
Припадниците на овој хороскопски знак ги ставаат потребите и интересите на нивните најблиски, особено на нивната мајка, на прво место. Тука спаѓаат и нивните најдобри пријатели кои ги сметаат за роднини. Сакаат деца и можат да се видат себеси како родители.
Одлучни
Ракот е воден знак, па ова можеби звучи малку контрадикторно. Но, Ракот е исто така еден од кардиналните хороскопски знаци, што значи дека е амбициозен и човек од акција. Кога ќе открие што сака, како на пример, да создаде успешна кариера, или да ве однесе во кревет, ќе направи сѐ за да го оствари тоа.
Премини на следната страна >>