Холивуд

Ријана во блуза и фустан кои ова лето се хит и во Македонија

Advertisement

Да, блузите и фустаните (па и кошулите) кои ги откриваат вашите раменици (Off The Shoulder) се еден од водечките трендови за оваа сезона.

Advertisement

Ријана никогаш не нé разочарала кога станува збор за креативното изразување на нејзиниот специфичен моден вкус. Од „оверсајз“ парчиња во кои најчесто ја гледаме, до екстремно високи чизми и ексцентрични модели во впечатливи бои, не постои нешто што познатата пејачка не би можела да го внесе во својот препознатлив стил и да го фура на оригинален начин. Тоа е така и во нејзиното последно видео „Wild Thoughts“ каде се појавува во кроп топ со оверсајз ракави и со голи раменици, а под кој се гледаат нејзините голи гради.

На овој тренд не можат да му одолеат многу познати дами – погледнете само како го фураат Оливија Палермо и Софија Вергара >>

Advertisement

Таа овој прекрасен женствен модел во розова боја го носеше во комбинација со зелени панталони чизми од Balenciaga од колекцијата за пролет 2017 и ремен од Versace. Впечатливиот цветен дезен на панталоните го даваат психоделичниот изглед на целата комбинација кој таа одлично го заокружи со марама на главата и големите обетки.

Време е овие фустани да ги освојат улиците во Скопје >> 

Покрај оваа комбинација Ријана во спотот носи и миди фустан во преубава тиркизно зелена боја кој е со голи раменици ($1,473 Alberta Ferretti) во комбинација со римјанки кои се со нејзиниот потпис ($2,325 Rihanna x Manolo Blahnik).

Римјанките се настанати во соработка со брендот Manolo Blahnik и можеби се „преголем залак“ за нашите секојдневни, па и вечерни или свечени изданија, но затоа фустанот, како и кроп топот се нешто што дефинитивно би сакале да го имаме во плакарите!

Еве какви блузи и кошули ќе бидат во мода оваа сезона >>

Што мислите вие?

На следната страна се закачени моделите што ги носи Ријана >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button