Комбинации што можете да ги фурате овој викенд во Охрид
Погледнете го ова шик издание на Алесандра Амбросио
Познатиот бразилски модел се појави во оваа комбинација само неколку часа откако на Инстаграм сподели фотографија на која се бакнува со својот сакан.
Од фотографиите што таа ги објави на Инстаграм можеме да забележиме дејка таа и Џејми Мазур се уште уживаат во нивната љубов како на почетокот на нивната врска која започна пред повеќе од девет години и од која имаат две деца.
Таа за вечера со саканиот носеше тесни фармерки, светло кафеава кожена јакна (Blank NYC) и тренди чизми до глужд од Saint Laurent.
Само еден ден претходно Алесандра можевме да ја видиме како ја фура истата кожена јакна но овој пат во комбинација со преубав макси фустан кој лини само 37 долари (A’gaci). Моделот е со длабоко деколте и копчиња кои се распоредени по целата средишна линија во предниот дел, додека целата комбинација убавата манекенка ја заокружи со рамни сандали и шешир кој е маст-хев моден додаток за овој период од годината.
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?
На следната страна погледнете ги моделите што ги носи Алесандра >>