Добри вести за љубителите на слаткото задоволство: Чоколадото е добро за вашето здравје!
Чоколадото може да игра значајна улога во креирањето на вашето здравје, покажуваат одредени истражувања.
Чоколадото може да игра значајна улога во креирањето на вашето здравје, покажуваат одредени истражувања. Соединенијата во чоколадото содржат антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата, вклучувајќи го и протокот на крв кон мозокот. Во едно истражување направено во 2009 година, учесниците биле поделени во групи по тројца и им била дадена задача да бројат наназад почнувајќи од некој број помеѓу 800 и 999. Откако се напиле топло чоколадо, тие почнале да бројат многу побрзо и поточно, без притоа да се заморуваат или ментално да се исцрпуваат. Чоколадото содржи состојка која предизвикува ослободување на ендорфин. Оваа реакција е многу слична на онаа која луѓето ја чувствуваат кога се заљубуваат. Доктори од лабораторијата за испитување на мозокот во Лондон, викнале 6 пара. Им дале задолжение да остават по неколку коцки темно чоколадо да се стопи во нивната уста, а потоа да се бакнуваат додека нивните мозок и срце се скенираат. Двете акции направиле срцата и мозоците на учесниците да зујат, но чоколадото двојно ја зголемило возбудата во центрите за задоволство во мозокот, особено кај жените. Па, сега слободно можете да уживате во чоколадото во умерени дози!