Реклама
Нега и здравје

Само 10 дена поминати на море можат да направат чудо за вашето тело и вашата душа

Реклама

Речиси сите летниот одмор го поврзуваат со морските пејзажи.

Речиси сите летниот одмор го поврзуваат со морските пејзажи. Главното прашање е каде да летувате? Во која земја? Морскиот воздух и вода навистина се добри, како за вашата душа, така и за вашето тело. Популарната таласотерапија, лекување со морска вода, потекнува од Грција и таа се применувала уште од пред 2.500 години. Морето ги содржи сите важни елементи: Натриум, магнезиум, калциум, калиум. Морската вода длабоко продира во кожата и со тоа ви помага на многу начини. Еве зошто е добро да летувате на море.

Маркетинг

Морето благотворно делува на астма и алергија

Морската сол има својства на антисептик и антихистамин, поради што благотворно делува кај кожните алергиски реакции. Светската педијатриска болница веќе долги години успешни ги користи купките со морска сол, за лекување и ублажување на алергиите. Чистиот морски воздух го олеснува дишењето и поволно делува на оние личности кои патат од астма.

Маркетинг

sea1

Со сончањето го снабдувате телото со витамин Д

Сончањето не само што ви носи убав тен, туку и ве снабдува со витамин Д кој му е толку потребен на вашиот организам. Неодамнешни истражувања потврдуваат дека тој игра клучна улога во спречувањето на многу болести, вклучувајќи и мултиплекс склероза и рак. За да добиете витамин Д не мора да бидете изложени на сонце кога е најмногу жешко. Имено, можете да ги искористите претпладневните или вечерните часови. Обрнете внимание на тоа дека кремовите за сончање ја спречуваат способноста на кожата да го создава витаминот Д.

Одморот покрај море го намалува стресот

Што може да ве опушти подобро од излежувањето на сонце, покрај море, слушајќи ги брановите? Летувањето на море ви дава можност да заборавите на секојдневните проблеми и целосно да се опуштите. Магнезиумот кој го содржи морската вода, докажано е дека делува во борбата против стресот.

Морето е идеално за спортски активности

Пливање, нуркање, сурфање, морски аеробик, одбојка на плажа… Летувањето на море е идеално за спортски активности кои се добри за обликување на телото, но и заборавање на секојдневните проблеми.

more

Морската вода го поттикнува чистењето на организмот

Бањањето во морска вода ги поттикнува функциите на органите кои ги отстрануваат штетните супстанции од организмот, како што се бубрезите, црниот дроб и кожата. Наталожените штетни материи почнуваат да се креваат кон површината, а солта го олеснува процесот на излачување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button