Научниците откриле кој витамин во текот на бременоста го спречува аутизмот кај детето
Земањето витамини во текот на бременост е од големо значење како за мајката, така и за бебето.
Земањето витамини во текот на бременост е од големо значење како за мајката, така и за бебето. Едно ново истражување покажало дека одреден витамин може да го намали ризикот од појава на аутизам. Идните мајки кои земаат витамин Д во првата половина од бременоста, може да ја спречат појавата на аутизам кај детето. Имено, биле направени истражувања со кои се утврдило дека бремените жени со ниско ниво на витамин Д во дваесеттата недела на бременоста било поверојатно да имаат дете со особини на аутизам. Широко е познато дека витаминот Д е витален за одржување на здравјето на коските, а сега постои заклучок кој го поврзува овој витамин со работата и растот на мозокот. Меѓутоа, додека витаминот Д е од клучно значење за здравјето на коските, според одредено мислење, активен хормонски облик на витамин Д не би требало да им се дава на бремените жени, затоа што може да влијае на скелетот на фетусот. Затоа е потребно да се утврди на која жена колкава доза ѝ е потребно.