Што и се случува на познатата пејачка? Изгледа многу послабо од кога било претходно
Познатата канадска пејачка со ангелски глас отсекогаш била слаба, но сега изгледа многу послабо од кога било претходно.
Можеби таквиот впечаток го засилува црната облека која што ја носи како сочувство за покојниот сопруг и брат.
Селин Дион отсекогаш била мошне слаба, а своевремено низ медиумите се шушкаше и дека има анорексија, но таа го демантираше тоа. Сепак сега е најблиску до овие гласини што се однесуваат до проблемите во нејзината исхрана. Таа беше фотографирана деновиве додека излегува од парискиот хотел Royal Monceau, а на фотографиите изгледа послабо од кога било претходно. А за тоа допринесуваат и избледениот тен и монохроматската црна комбинација што ја носеше 49 годишната пејачка. Црната облека што ја носи е поради жалење за нејзиниот сопруг и менаџер Рене Анжелил кој почина минатата година во 73 година од животот поради последици од карцином. Но набргу потоа пејачката доживеа уште еден шок – смртта на нејзиниот брат кој почина од истата болест како и нејзиниот сопруг. А потоа дозна дека и нејзината сестра боледува од рак на грлото… Сето ова најверојатно влијае на нејзиниот физички изглед…
Таа сега живее со нејзиниот 15 годишен син Рене – Чарлс и со 6 годишните близнаци нелсон и Еди кои и се главната мотивација да не се предаде на болката и тагата. Втората мотивација и е пеењето – пејачката со ангелски глас по трагичната загуба продолжува со кариерата, па снимаше и албум, а редовно ги одржува и своите концерти.