Облеката во жолта боја секогаш изгледа супер!
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека жолтата е клучна боја за ова лето. Едноставно ништо не може да ни го направи денот да ни биде поубав и поведар како што може да го направи оваа боја па дури и кога станува збор само за моден додаток или еден единствен детаљ од нашиот целосен стајлинг. Доколку деновиве сте разгледувале низ продавниците сигурно сте забележале дека жолтата преовладува на сандалите и преубавите чанти, но тука се и фустаните, блузите, кратките панталони па дури и очила за сонце!
Ако сте храбри комбинирајте ја со некоја друга силна боја и создадете совршена color blocking комбинација, а можете и вашите монохроматски бели и црни комбинации да ги подигнете на повисоко ниво со некое парче во оваа боја.
види повеќе » |