Костимите за капење оваа сезона се носат малку поразлично
Ако случајно ја сретнете Џој Кориган, познат модел и лице од Sports Illustrated, на плажа најверојатно и вие ќе си помислите дек во брзање погрешно го облекла костимот за капење. Или пак се поправила па сега нејзините бикини едно или две бројчиња и се помали.
Гради на пола копје – нов тренд во Холивуд за кој немаме ништо против да го видиме и во Скопје >>
Не, не станува збор за никаква грешка, а тоа го докажуваат и овие фотографии на познатата манекенка. Имено оваа сезона еден од главните трендови е правилото „колку попровокативно, толку подобро“! А ова се однесува и на костимите за капење.
Кои се најпопуларните костими за капење за ова лето >>
Џој изгледа привлечно на секоја од овие фотографии (ако не ни верувате нам, прашајте некој ваш близок пријател, вистински претставник на посилниот пол!). А што се однесува до овој тренд, откако најпрво сестрите Кардашијан го промовираа, се повеќе познати девојки му се „поклонуваат“, па воопшто нема да се изненадиме ако наскоро и некоја наша позната или непозната девојка ја видиме како ги фура бикините на овој начин.
Едноделните костими за капење се маст-хев за оваа сезона >>
Па што мислите за овој нов моден тренд?
Какви костими за капење ќе бидат во мода ова лето >>