Ова НЕ смеете да го испуштите – сакото што сите го сакаа, повторно го има во продавниците!
Дали можете да погодите за кој бренд станува збор?
Па секако дека во последниве неколку години само еден бренд знае да направи вистински хаос во продавниците пред нивните каси и да ги полуди девојките од целиот свет да сакаат да стојат во ред и да чекаат да го купат истото парче. Да, погодивте, станува збор за шпанскиот бренд Зара и за еден нивен модел кој беше толку популарен што само оние кои беа најбрзи имаа среќа да го имаат во плакарите бидејќи веднаш се распродаде. Станува збор за сивото сако кое поради бројните барања од страна на нивните клиенти повторно е вратено во продажба, па сега и да не сте го виделе во продавниците на Зара, сигурно сте го забележале на социјалните мрежи, особено на Инстаграм кој е преплавен од фотографии со убави девојки во овој шик модел.
Не е тешко да се заклучи зошто токму ова карирано, сиво сако предизвика толку големо внимание и ги полуди жените од целиот свет– покрај тоа што е со едноставен крој, може да се носи во најразлични пригоди и многу лесно се прилагодува на секој стил.
А зарем тоа не е и повеќе од доволно и ние да сакаме да го имаме во плакарите? Да се надеваме дека се уште го има во нивните продавници …