Кога таа ќе се појави на венчавка веќе никој НЕ гледа во невестата – Пипа со овој фустан ги освои модните блогерки
По одморот во Австралија со нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз, Пипа повторно е во Европа и изгледа уште поубаво и посреќно.
Таа со своето присуство, но и со својот спектакуларен изглед и доброто расположение допринесе на една прослава на љубовта кога заедно со својот сопруг се појави на венчавката во Стокхолм. Станува збор за свадбена прослава на нивни блиски пријатели на која Пипа носеше прекрасен фустан со кој ги освои вљубеничките во модата.
На преубавата тоалета доминира белата боја зачинета со мали цветни мотиви и минијатурни карнери. Станува збор за фустан кој чини 2720 фунти и во кој Пипа изгледаше гламурозно, но и по малку „бохо“ особено поради малите неодоливи цветови кои се извезени на него.
Па, дали ви се допаѓа ова свадбено бохо издание на Пипа?