Меланија Трамп се прошета во старите високи потпетици и повторно ги воодушеви сите
Меланија Трамп минатата недела ги воодушеви сите кога се појави во комбинација која беше зачинета со овие салонки.
Меланија речиси во секоја пригода носи високи потпетици кои маестрално ги комбинира, а така беше и кога се појави во Белата куќа заедно со својот син Барон. Таа за оваа пригода носеше бела маица и широки длабоки панталони.
Првата дама на Америка истите овие салонки ги носеше и за време на нејзината посета на Саудиска Арабија, но тогаш наместо со широки панталони ги комбинираше со кошула фустан со потписот на познатиот дизајнер Ралф Лорен.
Станува збор за модел каков секоја дама би посакала да го има во своите плакари. Во прашање се високи потпетици од 105 милиметри со потписот на Манило Бланик со кои поранешната манекенка чекори полна со самодоверба и без потешкотии.
Па, дали ви се допаѓа изборот на Меланија?