Ги штити забите и го ублажува дијабетесот – здрава ужина богата со железо, селен, фосфор, магнезиум и цинк
Еден од најздравите јаткаски плодови е токму индискиот орев.
Оваа здрава ужинка е богата со железо, селен, фосфор, магнезиум и цинк.
Го штити здравјето на срцето, благотворно влијае на дијабетесот, антиоксиданс е, а се користи и за слабеење. Но, тоа не се единствените здравствени придобивки од индискиот орев.
Дијабетес
Незаситените масни киселини кои ги содржи индискиот орев позитивно влијаат и на дијабетесот. Тие допринесуваат за намалување на нивото на триглицеридите и го штитат организмот од понатамошни компликации поврзани со високото ниво на шеќер и холестерол. Со редовното консумирање на индискиот орев, значително се намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2.
Магнезиум
Индискиот орев содржи високи количини на магнезиум, кој е неопходен за работата на нашиот организам. Магнезиумот е важен за метаболизмот, а редовниот внес на овој минерал го штити организмот од висок крвен притисок, грчеви во мускулите, главоболки и хроничен замор.
Здравје на усната шуплина
Индискиот орев го чува здравјето на забите и непцата, така што ги уништува бактериите кои предизвикуваат кариес, болести на непцата, акни, туберколоза и други болести.