Кога одиме на летен одмор, покрај костимот за капење и млекото за сончање, како задолжителна опрема мораме да понесеме и прирачна аптека.
Бидејќи никогаш не знаеме што може да се случи за време на тие 10-тина дена, во неа мора да се најдат лекови за симнување на температура, лекови против болка, маст против алергија, пробиотици…
При пакување на куферите, многумина земаат на брзина само два-три лека, а често се испоставува дека недостасува баш тоа што ни е потребно. Лекарите советуваат што точно треба да понесеме, па затоа пред да тргнете проверете го овој список:
1. Лекови за симнување на температура, заедно со лековите против болки треба да ви бидат први на список. 2. Алергиите се честа појава на море, дури и кај оние кои никогаш претходно немале алергиска реакција на сонце или на одредени намирници. Покрај таблетите, задолжително понесете и маст против алергија, која ќе ви помогне и кај убодите од инсекти и медузи. 3. Морската вода ги отпушува синусите, но како што секретот се слева, доаѓа до запушување на носот кај лицата кои имаат проблеми со синусите. Затоа, треба да понесете капки и спреј за грло, затоа што секретот во комбинација со солената вода може да ја иритира слузокожата. 4. Дијареата може да се јави заради промена на храна, клима, па дури и ладната вода, а не само заради бактерии и вируси. Задолжително спакувајте пробиотици, кои ја регулираат цревната флора.
Педијатрите ги советуваат родителите на малите деца, за секој случај, да понесат и препарати кои помагаат кај инфекции на очите и ушите.