Добриот појадок е важен за почетокот на новиот ден.
Добриот појадок е важен за почетокот на новиот ден. Токму поради тоа нутриционистите препорачуваат јајца, а ако ги подготвувате на овој начин, бидете сигурни дека уште од утрото ќе ја имате насмевката на вашето лице.
За овој утрински специјалитет вам ви се потребни следниве состојки:
– 50 грама рендан компир
– 1 1/4 рендан кашкавал
– 1 лажица маслиново масло
– 12 јајца
– Сол
– Бибер
Начин на подготовка:
Сите состојки, освен јајцата, измешајте ги во чинија, па потоа распоредете ги во калап за мафини којшто претходно сте го намачкале. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути. Извадете ги, па во секоја дупка ставете по едно јајце. Вратете ги во рерната, намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 15 минути. Пријатен апетит!