Освен што има важна улога во зачувувањето на здравјето на коските, овој витамин го забрзува метаболизмот и ги разградува мастите.
Освен што има важна улога во зачувувањето на здравјето на коските, овој витамин го забрзува метаболизмот и ги разградува мастите.
На човековото тело му се потребни повеќе витамини и минерали кои овозможуваат негово нормално функционирање. Покрај главните нутритивни состојки, се покажало дека витаминот Д зазема важно место, особено во женското здравје. Овој витамин го поттикнува производството на калциум, го одржува здравјето на коските, успешно се бори против анксиозноста, а новите истражувања покажуваат дека влијае и на слабеењето. „Доколку сакате да ослабите, секојдневно земајте витамин Д непосредно пред оброкот. Тој најдобро делува во комбинација со масти, затоа што ги разградува маснотиите во човековиот организам. Најефикасни резултати се постигнуваат доколку го консумирате со појадокот, кој по правило би требало да биде најобилен оброк во текот на денот“, истакнува диетичарката Кери Клифорд.
Дали треба да пиеме минерална вода? Еве што велат експертите >>
Таа додава: „Истражувањата на витаминот Д континуирано растат, а покрај неговата најпозната улога за зачувување на здравјето на коските, се покажува дека овој витамин помага и при одржувањето на здравјето на сите клетки во организмот, благотворно влијае на многу функции на мозокот, го зајакнува имунитетот, но и ја подобрува работата на метаболизмот“.