Според експертите најдобро е да се прават чучнувања, без користење на дополнително оптоварување, исто така склекови, стомачни без подигнување на `рбетот од подлогата, како и подигнување на телото и нозете лежејќи на градите.
Меѓутоа без разлика дали вежбате дома или во сала, потребно е да се загреете од 5 до 15 минути пред тренингот, како и да се истегнете по завршувањето.
Статичките вежби без движење се прават во траење од 10 до 30 секунди менувајќи 3 до 5 вежби во исто толку серии. Динамичните вежби како чучнувањата или склековитесе повторуваат од 5 со 20 пати, бројот на вежби варира од 3 до 5 со исто толку серии, а одморот помеѓу вежбите мора да трае барем една до две минути.
Експертите советуваат овие вежби да ги правите секое утро пред првото кафе и појадок, а резултатите ќе бидат неверојатно брзи!