Реклама
Нега и здравје

Не дозволувајте менструацијата да ви го расипе уживањето за време на годишниот одмор

Реклама

Затоа ви откриваме неколку совети со кои сигурно безгрижно ќе уживате во сончањето и пливањето користејќи тампони.

kostim1

Изберете добар костим за капење

Маркетинг

Во текот на менструацијата најдобро е да носите костим за капење во некоја темна боја, за секој случај ако нешто се пробие низ тампонот и истече. Исто така, добро е да изберете костим со дополнителен долен дел или модел што е направен од подебел материјал. Едноставно изберете костим за капење во кој ќе се чувствувате удобно и кој добро ќе ве прекрива во долниот дел. На тој начин ќе бидете сигурни и ќе се чувствувате опуштено.

 

Маркетинг

Одлучете се за тампони само доколку сте ги носеле претходно

Многу подобро ќе се чувствувате доколку сте навикнати на тампони, а доколку не ги користите инаку, започнете да ги користите неколку месеци пред да заминете на одмор. Кога ќе посакате да ставите тампон извадете го од пакувањето и пронајдете положба во која ќе се чувствувате удобно за да го вметнете со помош на апликатор или со прст. Тампонот ставете го што е можно подлабоко, бидејќи во спротивно може да излезе заедно со апликаторот.

Не смеете да го чувствувате нанесениот тампон

Одете, седнете, едноставно движете се за да бидете сигурни дека не го чувствувате тампонот. Доколку ве боли или и понатаму го чувствувате, обидете се да го стаите уште малку подлабоко. Доколку не можете да го ставите тампонот малку подлабоко, тоа може да биде затоа што вашата менструација е при крај. Во тој случај немојте со сила да го туркате тампонот, особено доколку ве боли.

Внимавајте да не се гледа конецот на тампонот

Конецот на тампонот може да се прегледа низ гаќичките, па проверете тоа да не се случи кога ќе ги облечете на себе. Исто така, можете да го скратите со помош на ножички, но внимавајте да не го скратите премногу за подоцна да немате проблеми со вадењето на тампонот.

За дополнителна удобност и безгрижност облечете кратки панталони кога ќе излезете од водата

Доколку сакате дополнителна заштита или ви е неудобно да седите на плажата само во костимот за капење, откако ќе излезете од водата облечете кратки панталони за кои, исто така, е пожелно да бидат во некоја темна боја.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button