Постојат професии кои како да се создадени за вас, но и такви кој носат добра заработка, но не се изборот од вашите соништа.
Постојат професии кои како да се создадени за вас, но и такви кој носат добра заработка, но не се изборот од вашите соништа. Некои работи би ги извршувале со огромно задоволство, додека пак други ги избегнувате, но исто така постојат и такви кои едноставно не се добри за вашето срце. Различни истражувања покажале дека постои врска помеѓу работата која ја работите и развојот на артериосклероза – основа на сите кардиоваскуларни болести.
Чие срце е најзагрозено?
Можеби во иднина младите ќе ја избираат својата професија и на основа на количината здравствени несреќи кои може истата да ги донесе. Најзагрозени се оние кои во работата се соочуваат со константен психоемоционален стрес, а листата е долга, почнувајќи од астронаути, пилоти, рудари, контролори на лет, менаџери во корпорации, па до новинари и луѓе кои се вклучени во транспорт. Последните години работата професионален возач убедливо е една од најстресните. Имено, стресните ситуации се придружени од пораст на брзината, при што се зголемува и отчукувањето на срцето.