Од кратки до долги, и сето она што е измеѓу
Погледнете ги овие здолништа за кои сме сигурни дека секоја девојка ќе најде по едно парче кое е направено како за неа. Тие се совршен избор за овој период од годината, особено за девојките кој не се љубителки на кратките тексас шорцеви и кои не сакаат цело лето да поминат во панталони. Што се однесува до дезените и кроевите во мода се тексасните асиметрични модели, потоа моделите во сите должини зачинети со карнери, врвки или реси, како и оние кои се украсени со каро или везен цветен дезен.
Можете да ги носите со вашите омилени сандали, но и со патики и да изгледате како вистинска ИТ девојка која секогаш ги промовира водечките трендови.
Па отворете ја галеријата и погледнете ги најдобрите модели од најпознатите дизајнерски и комерцијални брендови за оваа сезона.
види повеќе » |