Едноставно сите девојки сакаат да го имаат овој интересен моден додаток со кој можете да направите прекрасни летни комбинации.
Станува збор за неодоливите floppy сламени шешири со интересни натписи кои се извезени на него и кои минатата сезона ги прослави Евгенија Ким – позната њујоршка модна креаторка која веќе со години ги воодушевува трендсетерките со нејзините прекрасни женствени модели на шешири, чевли и украси за коса.
Но никој не преставуваше дека овие минатогодишни модели ќе бидат хит и оваа сезона! Тие првенствено се наменети за на плажа, но бројни трендсетерки и познати ИТ девојки ги вклопија и во своите лежерни летни комбинации. Ние ви препорачуваме да ги пробате во all white издание или во комбинација со boho фустани.
На следната страна можете да видите како изгелдаат овие модели >>