Рецепти

Смути за добра ноќ? О, да!

Реклама
Реклама

Смути како напиток стана популарно во последните неколку години

Тие се клучни во исхраната на секој што сака да живее здраво, па така за многу брзо време станаа омилен појадок на многумина, а некои почнаа и другите оброци да ги заменуваат со нив. Лесно се подготвуваат и можеме да ги носиме со себе каде и да сакаме, па затоа и нам ни се едни од омилените. Тие се суперхрана за поттикнување на нашиот имунитет, со нив можеме да надоместиме се што сме изгубиле по напорниот тренинг, влијаат позитивно на нашето расположение, но и на нашата кожа и коса, а воедно можат и да не заситат.

Маркетинг

Смути за добра ноќ

Маркетинг

Во последно време често читаме и за смути кое е одлично за добар сон. Нивното пиење пред спиење навистина има смисла особено ако имате проблем со несоница поради стрес. Комбинацијата на состојките може да ви пружи смирување додека на организмот истовремено му давате нешто квалитетно. Понекогаш по напорниот ден, навечер ќе заглавиме во нашите кошмари од сопствените мисли. И покрај тоа што знаеме дека утредента не чека напорен ден, сонот не доаѓа а лошите мисли ни се пред очи. И ако тоа ве зареди неколку вечери по ред набргу почнувате да се чувствувате изморено и константно ненаспиени. Од друга страна и постојаното „пулење“ во екраните одмага и го разбудува мозк0т, а едно смути нема многу да ви помогне доколку не се придржувате барем делумно до дигиталната детоксикација, не избегнувате кофеин во вечерните часови, како и алкохол и големите оброци. Дополнителна помош може да ви пружи и некоја купка за опуштање, добра книга пред спиење или горе споменатото смути за добра ноќ.

Едноставни смути состојки кои смируваат

Банана (ова овошје содржи мелатонин и серотонин за подобар сон и магнезиум за опуштање)
Цреши (природен извор на мелатонин кој го регулира сонот)
Млеко (аминикиселината триптофан учествува во создавање на мелатонин, хормонот кој го регулира ритамот на спиење)
Семкии од лен (извор на триптифан)
Мускатни оревчиња (помагаат за опуштање)
Бадеми (квалитетен извор на магнезиѕм)
Мед помага (при лачење на мелатонин)

Измешајте ги овие состојки во блендерот и пијуцкајте пред спиење како би постигнале најдобар ефект.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button