Покрај романтичниот модел со панделка од сатен Ријана во рамките на својата Fenty колекција за Пума не изненади со уште еден интересен модел.
Гумени сандали со едноставен и практичен дизајн, познати како jelly slides, кои беа популарни во 90-тите, не потсетија на детството и предизвикаа носталгија во нас. Нејзините Fenty проѕирни гумени папучи во три бои инстантно се истакнаа како неодолив хит а оваа сезона. И додека за повеќето овие папучи ќе бидат одличен избор за летувањето на песочните плажи, за похрабрите ќе ги носат и во своите лежерни летни комбинации.
Откако Ријана не потсети на овие модели кои ги обожававме во нашето детство, познатите комерцијални брендови понудија своја опција кои се подеднакво симпатични и практични. Fenty моделот едноставноста на пастелните нијанси ја украсија со препознатливото лого на Пума, додека моделите од Bershke и Urban Outfitters зачинети се со светки кои беа задолжителен додаток и на секој „jelly“ папучи од деведесеттите.
Во продолжение погледнете ги сите неодоливи гумени сандали кои ќе ги носиме (и обожаваме) во текот на топлите месеци >>