Сина сенка за очи – еден од најпопуларните трендови во светот на шминките!
Тренд кој беше хит во 80-тите сега повторно е во мода.
Сината сенка за очи се наметна како еден од водечките трендови за шминкање за оваа сезона. Овој производ изгледа одлично на секоја девојка, а најдобро им стои на жените кои се со посветол тен, темна коса и кафеави очи.
Сината сенка е одличен избор за вечерни пригоди, а одлично изгледа со неколку слоја црна маскара и неутрален или пурпурен кармин (нашиот избор погледнете го тука). Најдобро е додека ги шминкате очите со коректор и пудра да ги покриете подочниците бидејќи во комбинација со сина сенка темните кругови под очите можат уште повеќе да ви се познаваат. Што се однесува до нијансата, без разлика дали ќе одлучите за посветла или потемна водете сметка за тоа каков кармин ќе изберете за усните. Можете да експериментирате и да се поиграте со две различни бои со што можете да постигнете совршен smokey eyes изглед.
BLUE EVOLUTION by SEVENTEEN
Прекријте ги темните кругови околу очите и другите несовршености на лицето со коректор и користете течна пудра на лицето за мазен, мат, сомотски изглед. Со техниката за контурирање и стробинг исенчајте или истакнете одредени делови на лицето.
Ставете мат розово руменило на образите.
Природно
Направете убаво обликувани веѓи така што на очниот капак ќе ставете блескава металик сенка за очи. Нанесете светло сина сенка во банана форма, но бидете внимателни и избегнувајте го центарот на очниот капак. Продолжете со истата сенка, исцртувајќи прецизна smoky линија вдолж долниот дел на окото. Со црна маскара додадете должина и волумен на трепките. Ставете од новиот пурпурен мат кармин на усните
Интензивно
Дополнително истакнете ги јаболчниците, челото и брадата. Исенчајте, фокусирајќи се на внатрешниот агол. Исцртајте ги усните и ставете мат кармин со боја на фуксија.
Сoвет
Можете да го контурирате и вашето деколте.
Кликните тука и разгледајте го новиот каталог на Seventeen >>