Yoni масажата е вистински хит во светот, а жените сѐ повеќе се одлучуваат за овој третман кој има за цел да ги ослободи емоциите кои понекогаш може „да бидат заглавени“ во вагината.
Yoni масажата е вистински хит во светот, а жените сѐ повеќе се одлучуваат за овој третман кој има за цел да ги ослободи емоциите кои понекогаш може „да бидат заглавени“ во вагината. Баш како и која било масажа, жените после оваа се чувствуваат многу подобро и со повеќе енергија, а тајната се крие во ослободувањето на стресот. Оваа масажа ја изведуваат исклучиво професионални масери, а тие истакнуваат дека процесот се состои од неколку делови: Масажа која вклучува допирање, длабоко дишење и понекогаш (ако прифати жената) пенетрација со прсти. Така, Ајсас Финикс, дамата која се занимава со овој вид масажа, објаснува дека жената може да помине низ различни искуства. Сепак, таа напоменува дека поентата не е да се постигне оргазам, туку да открие што ја возбудува, но и да се чувствува подобро после целиот третман.