Некогаш одамна еден цар ја барал животната филозофија.
Некогаш одамна еден цар ја барал животната филозофија. Тој барал мудрост за тоа како правилно да управува со своето царство, зашто неговите граѓани не биле задоволни. На крајот сфатил дека му се потребни три одговори, на три суштински прашања, зашто со нив би го добил она што го барал. Тие прашања биле следниве:
1. Кога е најважно време?
2. Кој е најважен?
3. Што е најважно да се направи?
После долга потрага по одговорите, тој ги пронашол во посетата на еден пустински човек. Што мислите кои биле одговорите? Прочитајте ги повторно овие прашања, па застанете и добро размислете пред да ги прочитате одговорите кои следуваат во продолжение.
Фатете го сегашниот момент
Сите го знаеме одговорот на првото прашање, но често го забораваме. Секако, најважното време е сега, зашто тоа е единственото време кое го имате. Па, ако сакате да им кажете на вашите родители или партнерот колку ги сакате и колку сте им благодарни, направете го тоа токму сега!
Дозволете ѝ на љубовта да струи помеѓу вас
Одговорот на второто прашање е далеку подлабок. Одговорот е дека најважна личност е онаа со која сте. Комуникацијата и љубовта може да направат многу за вашиот живот, па затоа внимавајте кому ја подарувате љубовта. Обрнете внимание на тоа како се однесувате и не судете премногу брзо.
Одговорот на третото прашање, односно што е најважно да направите, гласи: Да бидете грижливи! Што значи тоа? Тоа подразбира да бидете внимателни и заинтересирани за она што се случува токму сега, со личноста со која сте!