Реклама
Препораки

Зошто секое продажно место треба да прифаќа American Express картичка?

Реклама

American Express е најпозната платежна картичка во светот, најмногу заради нејзината безбедност и престижноста на трговските партнери кои ја прифаќаат.

Во Македонија картичката се прифаќа на повеќе од 4.400 продажни места, a ја издава единствено Силк Роуд Банка.

Маркетинг

Анализираме зошто трговците би требало да прифаќаат American Express, и кои се предностите за корисниците на овој картичен бренд.

„ American Express е бренд со изграден имиџ и дефинирани правила за соработка со трговските партнери. Ние ги следиме и правиме анализи за потрошувачките навики на нашите клиенти поради што имаме јасна слика со кои трговци можеме да соработуваме. Од нашите трговски партнери бараме да го следат имиџот на American Express и да го издигнат работењето на највисоко ниво“, велат од Силк Роуд Банка.

Маркетинг

Кои се клучните бенефити за трговците?

Клучните адути кои American Express картичката ги нуди на трговците се: безбедни, големи и континуирани трансакции, и трансакции направени од странци.

„Оние трговци кои сакаат да ги подобрат перформансите на работење, би требало да станат наши партнери поради бенефитите кои ги овозможува плаќањето со картичката. Особено би го истакнале бенефитот од правење големи трансакции и фактот што American Express ги привлекува странските купувачи за кои American Express е гаранција за безбедна трансакција. Кога корисниците на American Express влегуваат во продавница, прво проверуваат дали картичката се прифаќа таму, па потоа одлучуваат дали да купуваат“, велат од Силк Роуд Банка

Клучен факт кој треба да го знае секој трговец е дека корисниците на American Express секогаш трошат повеќе отколку корисниците на другите платежни картички. Анализите покажале дека нашата просечна трансакција е за околу 200% поголема отколку просечната Master и Visa. Во големите маркети, како Веро, нашата просечна трансакција е околу 1500 денари, а на останатите картички околу 480 денари. На глобално ниво American Express веќе склучува договори со големи корпорации кои понатаму ги обврзуваат своите вработени да ја користат исклучиво оваа картичка со бенефитите кои им ги нуди за возврат.

Кои се бенефитите кои ги носи American Express за новите корисници?

American Express е глобално најприфатена картичка и бренд кој е прв избор за сите кои често патуваат. Обезбедувањето на хотелско сместување, рент а кар и други услуги при патување се многу полесни и побезбедни со користење на оваа картичка. Шансите да се направи злоупотреба при користење на картичката се речиси неверојатни, бидејќи American Express успеа безбедноста на трансакцијата да ја издигне на највисоко ниво и да изгради мрежа на трговци кои се докажани и сериозни во бизнисот.

„Друг голем бенефит за корисниците на American Express е програмата „Твој бонус“. Оваа програма обезбедува поврат на средства при секое купување, независно од бројот на трансакции и износот при купувањето. Постојат и други поволни пакети кои ги нуди картичката. На пример, доколку корисникот е на висока менаџерска позиција и има повисоки примања, тогаш се нуди златна American Express картичка која нуди патничко осигурување кое покрива 90 дена при патување во странство“, објаснуваат од Банката.

Предност плус за корисниците на оваа картичка е и бескаматниот грејс период. Доколку сите купувања од тековниот месец корисниците ги раздолжат до 20-ти наредниот месец, не плаќаат никакви камати за трансакциите. Тоа значи дека кога една трансакција ќе се направи на почетокот на месецот, корисникот има педесет дена за да ја исплати без камата. На ваков начин се зголемува бројот на трансакциите, а корисниците на American Express се наградуваат за нивната лојалност.

Колкав е бројот на застапеност на картичката во хотелиерството, рестораните итн.?

Поместување настана откако во Македонија започна со работа хотелот Marriot, бидејќи е долгогодишен глобален партнер на American Express, со огромен број на извршени трансакции. Освен хотелите, картичката добро котира кај речиси сите рент а кар агенции, од кои картичката одлично е прифатена и редовно се вршат трансакции.

Како корисниците може да проверат каде се прифаќа картичката?

Засега постои веб страницата на Банката, но пристигнува една нова платформа каде корисниците попрактично ќе можат да се информираат за трговците кои ја прифаќаат картичката. Подготвуваме локална веб страница americanexpress.com.mk која ќе биде активна наскоро.

Од главната веб страница може да се отвори листа на сите земји во кои може да се користи American Express картичката, со трговските партнери кои ја прифаќаат картичката во таа земја. Дополнително изготвуваме месечен извештај за корисниците на картичката, во кои покрај стандарните податоци за извршените трансакции ги информираме за новите трговски партнери и поволностите кои ги воведуваме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button