Трипати се породи, а има совршен стомак – тајната се крие во ова овошје!
Главен виновник за добрата линија на оваа мама е овошје кое го забрзува метаболизмот.
Од сите сестри Кардашијан, Кортни дефинитивно води најздрав живот.
Таа редовно вежба и внимава на исхраната, што можете да го забележите и од нејзиното витко тело. Но тоа секако дека не го објаснува во целост нејзиниот рамен стомак, кој изгледа совршено дури и по третото породување.
А стомачните мускули какви би посакала секоја жена оваа мајка на три деца наводно ги должи на само една намирница со која го започнува секој ден. На својата страница Кортни откри дека за нејзината линија главен виновник е цитронот кој го јаде секое утро.
Тоа всушност има логика. Станува збор за намирница која одлино ги топи мастите и го забрзува метаболизмот, а Кортни истакнува и дека многу поголемо внимание ќе има ако изеде цитрон, отколку од него да направи сок. А ако веќе можете да избирате од разни видови, таа ви препорачува секогаш да го изберете црвениот, бидејќи црвените цитрони имаат многу поголемо антиоксидативно влијание од жолтите.
Кортни овој трик го должи на својата баба која во својот двор имала дрво, а ако не го сакате поради горкиот вкус, таа има решение и за тоа.
„Треба да додадете малку морска сол, наместо шеќер, ако сакате да го ублажиле горкиот вкус“, советува познатата риалити ѕвезда.