Пред нас е женствена и шарена летна сезона
Не беше лесно да ги избереме најдобрите фустани од новата колекција на Зара, но конечно пред вас ги имате најубавите модели од продавниците на овој бренд за ова лето. Со самата пролет влеговме во периодот на цвеќињата и живите бои, но тоа не значи дека вечниот моден класик малиот црн фустан треба да го заборавиме во плакарите. Токму спротивното! Во новата колекција на познатиот шпански бренд врие од мали и средни црни фустани зачинети со реси односно со проѕирни елементи, впечатливи рабови и карнери кои се еден од наголемите хитови за оваа сезона. Треба да ги споменеме и фустаните со шарени и егзотични дезени кои се совршени за топлите денови, како и моделите со кариран „виши“ дезен кој оваа сезона успеа да се вметне на сите топ листи кога се модните трендови во прашање.
Отворете ја галеријата и побарајте го вашиот фаворит >>
види повеќе » |