Среќата доаѓа од давањето и помагањето, а не од купувањето и поседувањето
Материјализмот не доведува до благосостојба, но алтруизмот да.
Материјализмот не доведува до благосостојба, но алтруизмот да. Уште од училишните денови, многумина учат дека долгорочната среќа зависи и произлегува од материјалниот успех и економскиот просперитет. Меѓутоа, не постои ниту една врска помеѓу богатството и среќата. Откако ќе бидат задоволни основните материјални потреби, односно кога ќе си обезбедите дом и пристојно живеење, богатството има занемарливо влијание врс благосостојбата. На пример, според одредени студии, добитниците на лотарија не станувале значајно посреќни отколку што биле порано, па и дека некои милијардери не се посреќни од други луѓе кои имаат здравје и љубов околу себе. Истражувањето покажале дека американските и британските луѓе се помалку задоволни отколку што биле пред 50 години, иако денес нивното материјално богатство е значително поголемо. На меѓународно ниво се чини дека постои некоја поврзаност помеѓу богатството и благосостојбата, поради тоа што постојат многу земји во светот каде што луѓето не можат да си ги задоволат ниту најосновните материјални потреби.
Секако, ова не е занемарливо, со оглед на тоа дека богатите земји се политички постабилни и демократски, со повеќе слобода, што секако е важно за среќа. Па, зошто да вложувате толку труд во стекнување богатство и материјални добра?