Поучна приказна: Што се наоѓа во нас?
Еднаш еден учител додека бил на предавање зел портокал во рацете и прашал: Ако го стиснам овој портокал, што ќе се добие од него?
Еднаш еден учител додека бил на предавање зел портокал во рацете и прашал: Ако го стиснам овој портокал, што ќе се добие од него?
На ова една ученичка која седела во првиот ред одговорила: „Колку глупаво прашање! Од портокалот ќе се добие сок од портокал.“ По неколку секунди, учителот рекол: „Точно. Од портокалот ќе се добие сок од портокал, затоа што тоа се наоѓа внатре.“
Исто е и со луѓето. Кога ќе ве надвладеат проблеми, грижи, стравови, болка… од вас излегува бес, омраза, презир, страв, лутина, злоба… Можеби некој друг ќе обвинувате за сето она што ви се случува, но потсетете се дека од вас може да излезе само она што го имате во себе. Од портокалот никогаш нема да излезе сок од јаболко. Исто така, кога се наоѓате под некој притисок, од вас никогаш нема да излезе она што не живее во вас!
Дознајте кои хороскопски знаци се непоправливи флертувачи>>>