Младата фолк-пејачка Стојне Николова веќе не живее под кирија во Скопје.
Пејачката која важи за македонската Сандра Африка неодамна си купи стан во Скопје. Таа во нејзиното интервју за Вест изјави дека во последните шест години колку што се занимава со пеење успеала да заштеди половина сума од вредноста на станот, а за останатото подигнала кредит. „Струмичка фирма комплетно ми го средува станот, по мој вкус. Среќна сум што имам само 22 години и што без ничија помош успеав да си купам дом. Постојано имам настапи, па заради купувањето на станот не морав од ништо да се откажувам“ – изјави атрактивната струмичанка. Таа дефинитивјно е една од ретките млади луѓе во Македонија која на свои 22 години може сама да си купи стан во главниот град на републикава.
Инаку Стојне стана популарна откако се појави на бугарски музички ТВ канали.
{youtube}De7IdfvJ09U{/youtube}
Таа сними неколку провокативни фотосесии и провокативен видеоспот, освојувајќи ја машката публика со својот сексапил.