Љубовта е меч со две сечила, а токму тоа имавме можност да го почувствуваме и ние двајцата.
Љубовта е меч со две сечила, а токму тоа имавме можност да го почувствуваме и ние двајцата. Ти беше толку посветен и фин, што многумина би ми завидувале што токму јас ја имам честа да ја добијам твојата огромна љубов. Ти беше неуморниот патник кој храбро застануваше пред мене, бранејќи ме и не дозволувајќи ми да пуштам ниту една солза.
Но јас, длабоко во себе знаев дека никогаш не ќе можам да ти возвратам во иста мера. Знаев дека ние двајцата никогаш не ќе можеме да најдеме средина каде што ќе се сретнат нашите љубовни погледи. Ти толку топол, а јас толку студена. Ти толку љубезен, а јас толку невнимателна. Различни погледи кои таквата љубов ја осудуваат на пропаст.
Неколку правила за шминкање до кои треба да се придржувате доколку носите очила >>
Прости ми што моето срце не успеа да ја сподели топлината со твоето. Прости ми што моите зборови понекогаш излегуваа неконтролирано. Прости ѝ на мојата ранлива душа што неретко беше себична и дрска. За љубов како твојата, потребно е некоја која ќе може истата да ја дарува. Не вреди изгубеното време, ако не постои искра за да се разгори огнот.
Волуметрикс диета – губите килограми, а никогаш не сте гладни >>
Знам дека за тебе најдобра опција е да продолжиш понатаму по својот пат, барајќи ја среќата која ја заслужуваш. А на мене, пак, останува само да учам како вистински и безусловно се сака во овој суров и тежок свет.