Еве за кои работи во животот никому не должите објаснувања
Луѓето знаат да одат до таму да бараат од пријателите или членовите на семејството да ги објаснуваат своите постапки и одлуки.
Личноста не е должна да дава објаснувања и извинувања за сопствениот живот сé додека носи одговорност за тие нешта.
Каде и со кого живеете
Пред никого не сте должни да објаснувате зошто живеете со родителите или со поранешното момче или девојка. Ако сте свесни за сопствената ситуација и зошто е таква каква што е, деталите нема зошто да ги изнесувате пред другите.
Кои Ви се животните приоритети
Со оглед на тоа дека сите се различни индивидуи со различни вредности, соништа и аспирации, Вашите главни приоритети се Ваша работа и нормално е да се различни од оние на другите луѓе.
Ако за нешто не Ви е жал
Ако не жалите за своите постапки или ако не сте имале можност да ја кажете својата страна на приказната, не сте должни да се извинувате пред другите. Извинувањата што не ги чувствувате се бесполезни.
Ако ја сакате самотијата
Можеби сте загрижени дека ако не се социјализирате доволно ќе Ве нарекуваат чудак. Но, ако имате потреба да се регенерирате во самотија, за тоа не должите објаснувања и нормално е да имате таква потреба. Треба да имате време само за Вас.
Ако не се согласувате со нечии уверувања
Само затоа што некој поагресивно ги изнесува своите убедувања, не треба да кимате со главата ако не сте согласни. Некоректно е да глумите дека се согласувате ако реалноста е поинаква – и кон Вас и кон другиот.
Да кажувате „да“
Најуспешни се оние луѓе што ја научиле уметноста на зборот „не“ кога нешто не им е приоритет. Бидете пристојни, но нема потреба да се плашите да го одбиете она што ве одвлекува од Вашите цели.
Вашиот физички изглед:
Надворешниот изглед е лична работа, но тој и не треба да ја одредува вредноста на личноста.
Ако сте без партнер:
Да се биде без партнер не значи дека не е во ред нешто со Вас, туку дека сте направиле таков избор.
Ако одбивате излегување со други кога Ве поканиле:
Иако сакате да бидете пристојни, запаметете дека додека сте излезени ќе треба да учествувате и Вие во настанот и да бидете дел од друштвото. Ако не сакате, слободно кажете „не“.
Која е идеална жена за секој хороскопски знак >>