Драстична промена во изгледот на нашата позната водителка
Татјана Пуленџоска (31) неодамна во интервју за неделникот Теа Модерна откри дека успеала да ослаби повеќе од 20 килограми и тоа само со враќањето на здравиот начин на исхрана, промена на навиките и спортување.
Нејзината промена ја забележаа и оние кои ја следат утринската програма каде водителката денес изгледа многу послабо од порано. Сепак, како што шармантната Татјана и самата вели во интервјуто, не е се во изгледот и не е само тој пресуден за да се биде добар телевизиски водител. Поважно е да имате ѕвезда, да умеете да ја анимирате публиката, и да ве сакаат поради тоа што сте вие и што сте поинакви од останатите.
„Половина година сум на специјален здрав режим на протеинска исхрана, внесувам многу течности, консумирам многу салати. Имам пет мали оброци во текот на денот, и секако зголемена физичка активност. Си го рестартирав мозокот и почнав да создавам нови навики кои ми донесоа многу бенефити во сите сегменти на моето живеење. Ако мора конкретно да одговорам, се откажав од малку за да добијам многу“ – вели Татјана за Теа Модерна.