Реклама
Кафе муабет

Што мислите, дали можете да останете другари со бившиот: ДА или НЕ?

Реклама

Поранешните партнери иако се дел од нашето минато, секогаш ќе бидат присутни во нашиот живот, дури и да не сме зборувале со нив со години.

bivsi1

Благодарение на нив ние сме она што сме денес и имаме научено многу значајни лекции за љубовта и врските. Неколку девојки ни откриваат што мислат во врска со одржувањето контакти со поранешните партнери…

Маркетинг

„Сé уште сме пријатели со еден од моите бивши, но тој ми беше дечко на факултет и веќе одамна не постојат никакви чувства меѓу нас. Дечко ми никогаш го нема запознаено и не ни сака да го направи тоа, бидејќи мисли дека ќе биде љубоморен. Најверојатно и јас би се чувствувала на истиот начин кога дечко ми би се дружел со неговата поранешна девојка. Сé додека не морам да ги слушам нивните интерни шеги и да ја гледам интимноста што сé уште постои меѓу нив, немам никаков проблем со тоа. Но, тој не е во контакт со ниту една од неговите бивши, така што не морам воопшто да се грижам околу тоа.“ – Марија, 29

„Тие можеби навистина се пријатели, но не ми е пријатно да бидам во иста просторија со некој кој го има видено мојот партнер гол. Можеби немаат повеќе секс, но сметам дека нема потреба од таквото пријателство.“ – Ана, 26

Маркетинг

„Не знам. Би сакала да мислам дека мојата доверба нема да биде срушена, но од претходните врски имам научено дека тешко е да се зачува довербата. Зависи од врската и степенот на меѓусебната доверба и почит.“ – Кристина, 27

bivsi3

„Се дружам со сите мои бивши, но тоа можеби е така затоа што никогаш не сум вистински сакала ниту еден од нив. Едноставно, не бев вљубена во нив! Во секој случај, не би ми пречело кога дечко ми би се дружел со поранешната девојка, но само ако неговото пријателство е исто како и пријателството што јас го одржувам со моите бивши.“ – Елена, 26

„Мажите и жените не можат да бидат вистински пријатели ако имале секс во минатото, така што нема шанси! Не би толерирала такво нешто!“ – Марина, 33

bivsi1

Што мислите вие? Дали би му дозволиле на партнерот да се дружи со бившите или сметате дека е лудо да му се даде некому толкава доверба? На крајот на краиштата, не заборавајте дека поранешните партнери се поранешни со причина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button