Неколку правила за шминкање до кои треба да се придржувате доколку носите очила
Постојат неколку правила кои треба да ги следат жените кои носат очила.
Постојат неколку правила кои треба да ги следат жените кои носат очила. Доколку и вие сте едни од нив, тогаш вреди да ги примените овие неколку наши совети.
1. Заборавете на темната сенка
Зачадениот изглед на очите под очилата не е најдобрата опција за вас, зашто очите едноставно ќе ви изгледаат премногу темно. Па, настојувајте да избирате посветли нијанси.
2. Рамката на очилата и ајлајнерот не смеат да бидат во иста боја
Нанесете ајлајнер кој е сличен со бојата на рамките на очилата, но не и ист. Со црни рамки најдобро е да комбинирате сива, кафеава или темно сина боја.
3. Не заборавајте да ги виткате трепките
За што повеќе да го отворите вашиот поглед, не заборавајте да ги извиткате трепките, а потоа да нанесете маскара.
4. Не користете маскара на долните трепки
Нанесувањето маскара на долните трепки во многу случаи „додава години“, а со очилата ќе изгледате уште постаро.
5. Нагласете ги веѓите
Понекогаш дамите се премногу сконцентрирани на она што се наоѓа под очилата, при што забораваат на веѓите. Но, не заборавајте дека тие се важен детаљ на вашето лице, па секогаш одржувајте ги средени.