Реклама
Хороскоп

Сакате да испланирате совршена моминска вечер? Проверете што вели астрологијата за секој знак

Реклама

Астрологијата и моминската вечер.  

mominska5

Овен

Маркетинг

Невестата со хороскопски знак овен ќе сака моминска вечер која е забавна, енергична, но да не трае со часови. Таа сака да ја прескокне традицијата и да ги прави работите кои неа ѝ се допаѓаат, па затоа другарките треба дефинитивно да ја вклучат идната невеста во планирањето на моминската вечер.

Каде масата се ниша, во тој дом жената го има главниот збор, скршена чаша навестува среќа… народни верувања>>>

Маркетинг

Бик

Невестата родена во знакот бик ќе сака моминска вечер во која ќе бидат послужени разни видови закуски и скапо вино. Овој сензуален хороскопски знак тежнее по релаксирачка атмосфера, која ќе ѝ дозволи да го забави темпото и да ужива во моментот додека трае.

Близнаци

Забавната и безгрижна невеста родена во знакот близнаци најверојатно најмногу ќе ужива во својата моминска вечер доколку на неа со другарките играат „Вистина или предизвик“, „Врти шише“ или некоја друга игра од ваков тип. „Што повеќе, толку подобро“ е социјалното мото на близнаците, така што другарките треба да ги поканат сите девојки кои таа ги знае. Таа ќе ужива озборувајќи со секоја нејзина гостинка.

mominska4

Рак

Убава храна и присуството на женски членови од семејството ќе направи милата невеста со хороскопски знак рак да биде среќна на нејзината моминска вечер. Имајте повеќе хартиени марамчиња при рака и направете многу фотографии и видеоснимки, бидејќи оваа чувствителна девојка најверојатно ќе пролее многу солзи-радосници додека слави и таа дефинитивно ќе сака секој момент да биде документиран.

Лав

Невестата со хороскопски знак лав ќе сака да биде во центарот на внимание на нејзината моминска вечер. Направете проекција на фотографии или краток филм во кој таа ќе биде главната ѕвезда. „Лавицата“ ќе ужива во аплаузот и пофалните зборови од нејзините другарки.

Девица

Невестата родена во хороскопски знак девица ќе ужива во богато сервирана трпеза и пријатен разговор со нејзините најблиски другарки. Ваквата класична забава збогатете ја со тоа што ќе повикате козметичарка која ќе ѝ направи специјален педикир и маникир со кој вашата девица ќе биде на „седмо небо“.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button