Женските пријателства се вистинска мистерија. Некои се разбираат, помагаат, завидуваат…
Ова се пријателките кои секоја жена некогаш ги имала во животот!
Има пријателки со правила. Премногу правила.
Има пријателки кои се со вас кога ви е добро, а исчезнуваат кога ви е лошо.
Има пријателки кои ве шокираат со својата дарежливост и добрина.
Има пријателки кои исчезнуваат од причини сосема неразбирливи за вас.
Има пријателки за кои знаете дека треба да ги откачите, но премногу сте мрзливи/зафатени за да го направите тоа.
Има пријателки кои толку многу ви се воодушевуваат, што сакаат да бидат како вас. Тоа на почеток е забавно, но по некое време ви доаѓа да врескате.
Има пријателки кои ве откачиле пред неколку години од причини кои се обвиени во мистерија, но околностите довеле до тоа повторно одвреме-навреме да бидете во истите друштво и да мора да се преправате колку се почитувате.
Има пријателки кои ги обожавате поради нивната досетливост. Таа е прекрасна, досетлива, но додека се смеете не сфаќате дека таа ви забодела нож во грбот.
Има пријателки кои не можете да ги објасните на други пријателки.
Има пријателки кои ги запознавате едни со други. Потоа тие почнуваат да се дружат, а вас комплетно ве забораваат.
Има пријателки кои мислат дека ве познаваат, но во суштина тие немаат поим.
Има пријателки кои ги озборувате со својот сопруг или дечко, но потајно ги обожавате.
Има пријателки кои ви ја кажуваат вистината за вас со толку многу љубов, што воошто и не ве боли… толку.
Има пријателки на кои први им се јавувате кога светот ви се распаѓа.
Има пријателки за кои предоцна сфаќате дека сте требале да останете во контакт со нив.