Реклама
Кафе муабет

Мажите и жените се како небото и земјата: Неколку разлики кои сигурно ќе ве насмеат

Реклама

Луѓето отсекогаш се обидувале да сфатат што ги прави мажите и жените толку различни.

 razliki

Луѓето отсекогаш се обидувале да сфатат што ги прави мажите и жените толку различни. И до ден денес таа мистерија не е разрешена. Но, изгледа дека сепак има вистина во старата изрека дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Еве неколку разлики кои сигурно ќе ве насмеат.

Маркетинг

1. Прекари

Жените една со друга се нарекуваат со слатки имиња. Така, Ана е Аничка, Снежана е Снеки, а сите останати се „мила“, „драга“… Никогаш не можете да слушнете како мажите го изговараат ова. За нив постои име, прекар или евентуално додаток „брат“, „друже“…

Маркетинг

2. Плаќање сметки

За време на заедничко излегување, мажите за сметка од 1.800 денари ќе извадат по илјада денари. Никој ќе нема ситно и нема да чека кусур. Жените прецизно ќе израчунат колку треба да плати секоја од нив.

3. Патување

Доколку жените се изгубат, ќе застанат некој и ќе прашат за насоката. Мажите ретко ќе признаат дека се изгубиле.

razliki

4. Брак

Жените по мажењето се надеваат дека ќе го променат својот партнер, но никогаш не успеваат во тоа. Мажите се надеваат дека по свадбата нивната партнерка нема да се промени, но тоа редовно се случува.

5. Будење

Кога се будат, мажите изгледаат исто како и кога си легнале. На жените нешто им се случува во текот на ноќта, па утрото не личат на самите себе.

6. Деца

Жените знаат сѐ за своите деца: Кога имаат закажан термин кај заболекарот, која храна им е омилена, кои им се најдобри пријатели…Мажите се спремни за забава и бројни лудости, но некои работи едноставно не ги паметат.

7. Иднина

Жените се плашат за иднината додека не пронајдат сопруг. Мажите НЕ СЕ ПЛАШАТ за иднината, сѐ додека не пронајдат сопруга.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button