Кога жените имаат помали очи, целиот начин на шминкање мора да се прилагоди на тоа.
Кога жените имаат помали очи, целиот начин на шминкање мора да се прилагоди на тоа. Зачадениот изглед на очи изгледа многу подобро на поголемите очи, тушот уште повеќе ги смалува очите, а темните нијанси на тенки го затвораат погледот.
Сепак, ако имате мали очи, тоа не значи дека треба да го фрлите моливот за очи, туку да ги испробате овие неколку трикови.
Набавете моливче во боја на кожата
Ова моливче ќе ви го отвори погледот и ќе направи вашите очи да изгледаат поголеми. Нацртајте го со него внатрешна линија на долниот капак и ќе забележите дека окото веднаш ќе добие еден поинаков изглед.
Размачкајте
Не треба сите линии на окото да бидат прецизно нацртани. Ако имате помали очи, добро ќе ви дојде и малку да ја размачкате линијата на горниот дел од окото.
Сенчање
Обидете се со овој трик:
Земете ја четката со која нанесувате сенка и користете ја на начин како што го користите моливот или тушот. Ова ќе ви даде помеки линии и ќе го зголеми окото. Најдобра боја зa овој ефект е кафената, која е многу подобар избор од црната.