Фризури кои можат да го зголемат волуменот на вашата коса
Тенкото влакно не значи дека морате да избегнувате долга коса.
Тенкото влакно не значи дека морате да избегнувате долга коса. Погледнете ги овие фризури кои ќе внесат волумен во вашата коса и визуелно ќе ја направат погуста.
1. Боб фризура
Боб фризурата им прилега на жените со тенка коса, а дополнителен волумен ќе постигнете ако ги разбушавите краевите или направите ситни локни.
2. Екстремен патец
Екстремниот патец визуелно допринесува и прави да изгледате како да имате повеќе коса отколку што тоа навистина е така.
3. Полни шишки
Ако сакате да постигнете ефект на волумен, скратете ги вашите шишки. Најдобро е да се одлучите за такви кои го покриваат целото чело, но се исечени на степен, за да изгледаат погусто.
4. Остри степенасти прамени
Тенката коса често изгледа безживотно. Затоа, одлучете се за степенасти прамени кои визуелно ќе ја направат побујна вашата коса.