Реклама
CelebrityTV

Ергенот Омер објави селфи на Инстаграм на кое позира со неговата најголема љубов

Реклама

Омер повторно ги запали социјалните мрежи

Овој пат Бариш Ардуч кој се прослави со серијата „Вљубениот ерген“ ги изненади своите обожавателки на социјалните мрежи со фотографија на која позира со своето милениче. Тој за помалку од еден час собра преку 150.000 лајкови и над 7000 коментари.

Маркетинг

Инаку, деновиве во турските медиуми врие од натписи дека Ардуч ја побарал својата девојка за сопруга бидејќи сакал да стане татко. Тој и актерката Гупсе Озај се во врска од 2014 години, а неодамна се шпекулираше дека нивната љубов е при крај. Но овие информации се покажаа како невистинити, а во прилог на тоа оди и податокот дека тие пред неколку месеци и официјално ги запознале нивните семејства. Сега веќе се планира свадбата и се шушка дека голема е веројатноста таа да се случи при крајот на летото. Според турските медиуми, тие се уште не одлучиле каде ќе се случи церемонијата, но најверојатно тоа ќе биде или во родниот Измир на Гупсе или во Истанбул по желба на Бариш. Оваа информација освен во медиумите се појави и на еден од неговите профили на социјалните мрежи, по што обожавателките збеснаа за неговиот избор на животна сопатничка. Не се штедеа ниту со погрдни  коментари за Озај која според нив не е вистинскиот избор за него, туку колешката Елцин Сангу, односно Дафне.

Маркетинг

Најпознатиот турски ерген ги разочара своите обожавателки – еве кога е неговата свадба >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button