Знаци кои покажуваат дека околу вас има луѓе со злобно срце:
Тие се експерти во заведување на другите со својата слаткоречивост. Но, ако погледнете што создале или ако се поведете по нивните зборови, ќе видите дека тие ништо не менуваат и не се влог во раст и развој. Нивниот живот е илузија, а духовна храна им е туѓата несреќа.
Тие се експерти за создавање забуни и кавги; ги извртуваат фактите, заведуваат, лажат, избегнуваат да преземат одговорност, ја негираат вистината, измислуваат приказни, задржуваат информации за себе.
Тие сакаат да ги контролираат другите, а сами на себе се најголемиот авторитет. Ги одбиваат повратните информации и конструктивните критики, сами ги креираат правилата по кои живеат, прескокнувајќи ги моралните норми.
Често играат на симпатиите на добродушните и наивни луѓе за да може да ги заведат. Тоа многу често го прават со барање сочувство, но самите никогаш не го даваат.
Бараат топлина, проштевање и интимност од луѓето на кои им згрешиле без никаква емпатија за болката која ја предизвикале.