Еве зошто треба да им простите на СИТЕ, дури и на оние кои не го заслужуваат тоа
Во детството, сите се принудени на простување.
Во детството, сите се принудени на простување. На пример, кога детето од соседството ви ја зел играчката, тој бил принуден да се извини, а вие тогаш моравте да му простите. Но, тогаш простувањето не ви значеше речиси ништо. За разлика од тоа, возрасните луѓе и кога се извинуваат, го паметат она што им било направено, што некогаш не можат да живеат мирен живот. Но, постојат и такви кои може да им опростат дури и на они кои не го заслужуваат тоа. Тие знаат некои важни работи, а еве дел од нив.
Простувањето ви помага да продолжите понатаму
Доколку не опростувате, вие во себе држите презир, очај и незадоволство, што ви создава континуирана болка. На тој начин непрекинато размислувате за случувањата кои ве повредиле, наместо да се фокусирате на некои позитивни работи.
Вие сте личност на која ѝ е потребно простувањето
Тоа е поентата. Опростувањето не се однесува само на оној кој ве повредил, туку тој во суштина најмногу ви помага вам. Не можете да продолжите понатаму без простување. Морате да го направите тоа за да престанете да живеете во минатото.
Простувањето е за секого
Силните луѓе им простуваат дури и на оние кои не го заслужуваат тоа, сакајќи да ја спречат омразата која би влијаела на нивниот нормален живот. Ако не простите, тоа може да ви стане траума и да предизвика недоверба кај луѓето околу вас.
Простувањето значи дека се ослободувате од минатото
Дури откако ќе простите, можете да се помирите со вашето минато на начин на кој нема да ви пречи на вашата иднина. Кога ќе го заборавите вашето минато и болката, тогаш ќе си отворите пат кон нови емоции и чувства.