Луѓето доаѓаат и заминуваат од вашиот живот. Некои ќе ве потсетат колку вредите, а други ќе ве натераат да се посомневате во сопствената вредност.
Луѓето доаѓаат и заминуваат од вашиот живот. Некои ќе ве потсетат колку вредите, а други ќе ве натераат да се посомневате во сопствената вредност. Како и да е, останете цврсти и достојни на себе. Никој не може да ви суди, затоа што тие никогаш не го оделе патот во вашите чевли. Бидете слободни и неуморно движете се кон своите цели и замисли. Оние кои навистина вредат да го одат животниот пат со вас, ќе ве прифатат онакви какви што сте. Ниту еден човек не е совршен, затоа никој не може да ги одредува вашите животни насоки.
Што мислите, дали можете да останете другари со бившиот?
Запаметете дека сите неуспеси и падови се овде само за да ве потсетат дека сте живи. Бог нема да ви зададе товар што вашите плеќи не можат да го издржат. Внатре во вас се крие огромна сила која чека да биде откриена и донесена на површина, за потоа да ги освојувате сите битки. Најважно е да знаете што сакате од животот, а потоа неуморно да барате начин да го остварите тоа. Другите и онака ќе зборуваат, но не дозволувајте нивните гласови да ја засенат светлината во вашиот живот. Само храбрите успеваат. Само храбрите ќе ја почувствуваат вистинската смисла на животот!