Да се биде жена не е секогаш лесно, па затоа животот треба да го исполните со убави работи кои ќе ве направат
Да се биде жена не е секогаш лесно, па затоа животот треба да го исполните со убави работи кои ќе ве направат среќни. Некои од тие работи доаѓаат природно, но постојат и такви на кои не помислувате дека треба да ги направите барем еднаш во својот живот, затоа што ќе ви помогнат да се чувствувате исполнето и да сфатите дека имате многу поголема смисла.
Еве за што станува збор:
1. Да отидете на патување со вашата најдобра пријателка, макар тоа да е еднодневен излет или некое ново место.
2. Да бојадисате бар еден прамен од вашата коса во необична боја.
3. Ако имате долга коса, барем еднаш да се решите да имате кратка фризура, или обратно.
4. Простете му некому, иако тоа ви е тешко.
5. Патувајте сами.
6. Јадете десерт за појадок.
7. Отидете на масажа после поминат стресен ден.
8. Отидете сама на вечера.
9. Зборувајте во јавност.
10. Живејте сами одредено време.
11. Правете нешто од што се плашите, барем еднаш годишно.
12. Потрошете повеќе пари на годишниот одмор отколку што сте планирале (секако, само на паметни работи).
13. Имајте домашно милениче.
14. Исполнете некој физички предизвик.
15. Испробајте нови јадења и странски кујни.
16. Напишете му писмо на вашиот партнер каде што му кажувате колку ви значи.
17. Отидете на психолог, дури и тоа да е само еднаш.
18. Дајте отказ од работата која ја мразите.
19. „Елиминирајте“ ги личностите од вашиот живот кои ви ја црпат енергијата.
20. Аплицирајте на работата од соништата, иако не сте квалификувани за неа.