Реклама
Наши ѕвезди

Сузана, Неда и Сека – која комбинација ви се допаѓа, а која не?

Реклама

Погледнете ги овие три интересни комбинации.

Пејачката Неда Украден изгледа прекрасно во ова издание, освен можеби одвратниот златен синџир на половината! Кројот на панталоните е тренди и одлично и стојат, блузата со голи раменици и ѕвонести ракави се полн погодок, сандалите исто така изгледаат убаво, но масивниот златен синџир со приврзокот во облик на срце ја уништија целата комбинација. Но затоа пак ова издание е одличен пример дека погрешниот моден додаток може да ја уништи целата комбинација колку и да е добра.

Маркетинг

Сека Алексиќ успеа да ја врати старата фигура по породувањето и навистина заслужува аплауз заради тоа. Таа на промоцијата на нејзиниот албум реши да се појави во екстремно тесен фустан кој одлично и стои. Црвената боја е одличен избор, пејачката изгледа секси и заводливо со неа, а со атрактивните чевли комбинацијата е полн погодок.

Маркетинг

И покрај тоа што Сузана својата линија ја донесе до совршенство, овој комбинезон е преголем ризик. Бојата и стои одлично, но кројот кој е претесен во пределот на стомакот и препоните не и стои баш сјајно, а и високите потпетици не се баш најсреќeн избoр.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button