Реклама
Трендови

Слинг марами – практични носилки за бебиња кои што и мајките и бебињата ги обожаваат

Реклама

Слинг марамите за бебиња се сé попопуларни!

Тие им се омилени на многу родители и деца особени затоа што немаат ограничување во годините. Бебињата можат своите први прошетки да ги поминат замотани и спиејќи во непосредна близина додека тие пак слободно можат да се движат додека го носат бебето. Според истражувањата слинг носилките, поради близината на бебето до мајчиното тело и нераскинливата врска која на тој начин се зацврстува, можат да ја ублажат постпородилната депресија, а кај децата да го минимализираат плачењето. Бидејќи бебето се наоѓа во природна положба и лежерно се поместува додека мајката се движи, бебињата можат мирно да спијат со часови. А ако таткото ја преземе улогата на носач на истиот начин ќе се поврзе со бебето.

Маркетинг

Оптоварувањето на карлицата и целото тело кога носите слинг марама е значително намалена поради начинот на мотање и прстенот кој го имаат некои модели а кој ја регулира позицијата и затегнатоста на замотаниот дел. Ако моделот нема прстен тогаш се менува начинот на мотање, а бројни туторијали како најлесно да го поставите слинг марамат како не би ви пречела при движењето, можете да најдете на интернет.

Маркетинг

Што се однесува до брендовите, тие во своите понуди имаат најразлични стилски опции, и секоја сезона се појавуваат со нови бои и дезени кои можете лесно да ги вклопите во сопствената гардероба Па погледнете како ги носат мајките на следните фотографии.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button