Еднаш одамна некој човек се шетал по плажата на полна месечина.
Еднаш одамна некој човек се шетал по плажата на полна месечина. Шетајќи така, размислувал: Кога би имал еден скап автомобил, би бил многу среќен. Да имам и убава, голема куќа, би бил уште повеќе среќен. А најсреќен би бил да најдам една згодна и убава жена. Одејќи така наишол на една вреќа полна со камења. Почнал да си игра со нив и да ги фрла во морето, помислувајќи си по некоја желба… Така сѐ додека не останал еден единствен камен. Тогаш тој се одлучил да го задржи и да го однесе дома. Кога стигнал видел дека каменот е еден многу вреден дијамант. Така правиме ние луѓето. Сонуваме за она што го немаме, без да го цениме она што го имаме. Само ако погледнеме малку подобро, ќе забележиме колку сме среќни.
Среќата е многу поблиска отколку што мислиме. Затоа, би требало подобро да погледнеме во секој „камен“ што го имаме во нашиот живот.